Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 8 јуни ќе ја посети Туркије, за да разговара за прашањето за отворање безбеден трговски коридор низ пристаништата на Црното Море.
евлут Чавушоглу во изјавата објавена од „Anadolu Agency“, рече дека Лавров „ќе ја посети Туркије на 8 јуни за да разговара за отворање безбеден трговски коридор низ пристаништата на Црното Море, вклучително и за минување на пченицата“.
Турскиот министер за надворешни работи, во својот говор истакна и дека неговата земја се обидува да ги врати и Русија и Украина во преговорите, нагласувајќи уште еднаш дека неговата земја нема да учествува во санкциите воведени кон Москва.
„Dubai-Portal“










