Рускиот гасен гигант „Gazprom“ целосно го прекина снабдувањето со гас за холандската „GasTerra“, бидејќи одби да плати во рубљи, соопшти корпорацијата.

До крајот на работниот ден на 30 мај, „Gazprom export“ не доби плаќање за испорачаниот гас за април од „GasTerra BV“ во согласност со Уредбата на претседателот на Русија бр.172 од 31 март 2022 година.

„Gazprom целосно ја прекина испораката на гас за GasTerra BV (Холандија) поради неплаќање во рубљи“, се наведува на каналот на „Telegram“, на компанијата.

Плаќањето за гас испорачан од 1 април мора да се врши во рубљи според новата шема, за која договорните страни биле навремено информирани, се наведува во извештајот.

Прекинот на испораките значи дека отсега до 1 октомври 2022 година, до моментот кога ќе заврши договорот, купувачот нема да добие приближно 2 милијарди кубни метри гас. „Gasuni“ планира до есен да изгради терминал во пристаништето „Емшавен“ за да добива течен природен гас.

Досега „Газпром“ ја прекина испораката на гас за Полска, Финска и Бугарија бидејќи тие не ги платиле сметките во рубљи.


„RT“
„Dubai-Portal“