Целта на операцијата е да се заземат селата и градовите населени главно со арапско население контролирани од терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Двајца високи команданти соопштија дека им биле дадени наредби на единиците на Сириската национална армија (СНА) поддржани од Турција да заземат офанзивен став бидејќи турската војска ги интензивирала минофрлачките гранатирања и нападите со беспилотни летала на територијата контролирана од ЈПГ.

„Можеме да бидеме подготвени за ден или два. „Има илјадници борци подготвени да учествуваат заедно со турската армија“, изјави за Ројтерс капетанот Абдул Салам Абдул Разак, истакнат командант на сириската опозиција. Претседателот на Република Турција, Реџеп Тајип Ердоган, минатата недела изјави дека Турција наскоро ќе започне нови воени операции долж јужните граници. Тој додаде дека на овој начин Турција ќе создаде безбедни зони длабоки 30 километри за борба против терористичките закани од овие региони.