Данската енергетска компанија „Orsted“, објави дека нема да премине на плаќање на рускиот гас во рубљи и затоа не исклучи прекин на испораките од Русија.
„Gazprom Export сè уште бара од „Orsted““ да плати за испорака на гас во рубљи. Според договорот, ние немаме законска обврска тоа да го правиме, а на „Газпром“ постојано му кажавме дека тоа нема да го направиме. Рокот за плаќање е 31 мај, а „Orsted“ ќе продолжи да плаќа во евра. Поради тоа, постои ризик „Gazprom Export“ да ја прекине испораката на гас за „Орстед“, се вели во соопштението на компанијата.
Како што се посочува, прекинот на испораката на гас би претставувал прекршување на договорот. Истовремено се наведува дека Данска ќе купува гас на европскиот пазар.
„Бидејќи не постои гасовод што води директно од Русија до Данска, Русија нема да може директно да го прекине снабдувањето со гас за Данска, и затоа Данска сè уште ќе може да прима гас. Но, тоа значи дека гасот за Данска ќе мора во поголема мера да се купува на европскиот пазар. Очекуваме дека ќе има таква можност“, соопштија од данската компанија.
Рускиот претседател Владимир Путин на 31 март потпиша декрет според кој непријателските земји во иднина треба да плаќаат гас во рубљи. Рускиот лидер и нареди на компанијата „Gazprom“ да ги префрли договорите во рубљата. Тој рече дека Русија ќе продолжи да испорачува гас во согласност со договорените количини и цени
.„Reuters“
„Dubai-Portal“











