НОВА ПУКОТНИЦА ВО АМЕРИКА! Едно лице загина, неколку се повредени

by Administrator

Едно лице загина, а седум се повредени денеска при пукање на фестивал на отворено во источната американска држава Оклахома, соопштија властите.

Во соопштението на Државното истражно биро на Оклахома се наведува дека меѓу луѓето кои биле застрелани во близина на Тафт има двајца малолетници, пренесува АП.

Никој досега не е уапсен, соопштила агенцијата. На настанот за Денот на сеќавањето присуствувале околу 1.500 луѓе. Засега нема информации за состојбата на повредените.

You may also like