На денешен ден, 29 мај 1453 година, пред 569 години, султан Мехмед Фатих II го освоил Константинопол – Истанбул, кога имал само 21 година. Од доаѓањето на исламот, тоа беше 16-ти обид на муслиманите да го ослободат овој град.
За 49 години од својот живот ги ослободил Византиската империја, Трапезунтското царство, Анадолија, Крим, Трансилванија (Централна и Северна Романија и Молдавија), Мореја, Албанија, Српскиот деспотат и Кралството Босна. Неговите единици конечно стапнале на италијанска почва во 1480 година под водство на Гедик Ахмед-паша. Смртта го спречила да го ослободи Рим.
Тој зборувал 7 јазици (турски, арапски, персиски, грчки, хебрејски, латински и словенски). Математиката, астрономијата и теологијата го достигнаа својот врв во негово време. Ја сакал литература и уметност.
Под псевдонимот „Авни“ зад себе оставил стихозбирката Диван. Во земјата со која тој управувал биле изградени околу 500 џамии. Воспостави државен систем – кодифицираше бројни закони. Бил архитектонски инженер, лично правел физички и математички пресметки за една од четирите хаубици (Шаховски топови) кои ги пробиле градските ѕидини.
Кога „мудри глави“ од неговиот тим го советувале да размисли дали да се вклучи во ослободувањето на градот, дали има сила за таква акција или дали би било паметно да ги прекине односите со Византија и да понуди компромисно решение, тој ја изјавил познатата реченица:
„Човек треба да го проба невозможното за да ги знае границите на можното“.
Кога во тек била опсадата на градот, тој изведил една од најпознатите воени тактики, велејќи: „Ако се доволно паметни да го врзат Златниот рог (теснецо Халиџ), ние сме толку лудо храбри да пренесуваме бродови по копно. И бродовите навистина одеа по копно. !!
За некои, 1453 година беше и останува „почеток на зулим“, а за други беше и останува „потполнување на пратеничката радосна вест“. Аллах да ги помилува султанот Мехмед Фатих II и неговите муџахедини и да ги почести со Фирдеус!
republikaturkiye








