Провокативен марш со израелско знаме, во Стариот град на окупираниот Ерусалим од Баб ал Амуд, во срцето на муслиманскиот кварт, со учество на илјадници доселеници кои го осквернавија местото.
За време на маршот, доселениците го навредуваа пејгамерот Мухаммед с.а.в.с и скандираа расистички и други пароли повикувајќи на смрт на Арапите, јавува Палестинската агенција.
مئات المستوطنين يقتحمون المسجد الأقصى تحت حماية قوات الاحتلال | ألبوم الصور
Најмалку 24 Палестинци беа повредени во нападите на израелските окупаторски сили и доселеници во окупираниот град Ерусалим за време на провокативниот марш.

За Палестинците, маршот претставува бесрамна провокација, на едно од ретките места во градот што сè уште задржува силен арапски карактер.

Палестинската Црвена полумесечина во Ерусалим, објави дека нејзините екипи се справиле со најмалку 24 случаи, вклучително и повреди од пукање од метални куршуми обложени со гума и тепачки.
2600 مستوطن يقتحمون المسجد الأقصى

Повеќе од 500 израелски доселеници, предводени од екстремистичкиот член на Кнесетот, Итамар Бен Гвир, истао така упаднаа денс наутро во дворовите на џамијата Ал-Акса, од страната на портата „Муграби“, силно обезбедувана од израелската полиција, која го затвори Ал-Кибли. Ги опколи верниците надвор и  внатре и уапси 10, соопшти палестинската новинска агенција.

Осум случаи се префрлени во болници, се вели во соопштението.

Секретарот на движењето Фатах во Стариот град на окупираниот Ерусалим, Насер Кавс и неговиот син Џихад, исто така беа повредени додека се соочуваа со доселениците во Стариот град.

تزامنا مع مسيرة الأعلام.. مستوطنون يقتحمون الأقصى ويرفعون العلم الإسرائيلي في باحاته والاحتلال يعتقل عشرات الفلسطينيين | أخبار سياسة | الجزيرة نت

Црвената полумесечина додаде дека окупаторската полиција ги претепала своите екипи во околината на Баб ал Амуд, додека се обидувале да стигнат до еден од повредените, посочувајќи дека отворила теренска болница во центарот за брза помош во населбата Ал Савана.

Во меѓувреме, во окупираниот Ерусалим се одржа марш на палестински знамиња, како одговор на јудаистичкиот марш, организиран од доселениците.

Локалните извори објавија дека десетици Палестинци марширале со палестински знамиња на улицата Салах Ел-Дин во окупираниот Ерусалим, додавајќи дека доселениците ја нападнале новинарката Лејали Еид и персоналот што го придружувала и се обиделе да ја спречат да ја изврши својата должност.

Израелската полиција го нападна палестинскиот марш, што доведе до судири и повреди на најмалку двајца млади.

Окупациските сили поставија железни бариери во областа Баб ал Амуд, неделава попладне, ги распоредија своите сили во населбите на окупираниот град Ерусалим и ги спречија Палестинците да стигнат до Баб ал Амуд за да го обезбедат провокативниот марш.

Окупациските сили уапсија најмалку 25 граѓани во околината на Баб Ал Амуд и во населбите на Стариот град и џамијата Ал-Акса.


„Euronews-Al Jazeera…“
„Dubai-Portal“