На социјалните мрежи изминативе денови кружат снимки од ајкули во Истра, а сега пристигна и најновата, од југ. Како што пишува порталот Шибеник, ајкулата во саботата попладне залутала во плиткото кај Пировац, а видеото исто така многу брзо се проширило.

На почетокот на неделата во близина на Медулин е снимена ајкула, а се работи за ајкула долга околу метар и половина.

„Од видеото е многу тешко да се заклучи за кој вид станува збор, бидејќи недостигаат цела низа детали за прецизна и точна идентификација. Затоа, може само да се погоди за кој вид станува збор, но неговото движење најмногу потсетува на сината ајкула, која е најраспространет вид на поголема ајкула во Јадранот“, изјави проф. д-р Ален Солдо од Катедрата за морски студии на Универзитетот во Сплит.

Тој објаснува дека со доаѓањето на летната сезона и зголемувањето на бројот на луѓе на море, се очекува да има се повеќе вакви сцени, меѓу кои и снимки од ајкули.

Два дена подоцна на социјалните мрежи се прошири видео од ајкула во Помер, пренесува порталот „24 sata“.


„Dubai-Portal“