Српскиот претседател Александар Вучиќ и рускиот лидер Владимир Путин телефонски разговарале за ситуацијата во Украина и развојот на настаните околу Косово, соопшти Кремљ.

„Оддржан е телефонски разговор меѓу претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ… Беше договорено, меѓу другото, Русија да продолжи со непречена испорака на природен гас за Србија“, се вели во соопштението.

„Продолжи размената на мислења за голем број меѓународни теми – ситуацијата во Украина и развојот на ситуацијата околу Косово“, се додава во текстот.

Претседателите на двете земји го потврдија взаемното расположение за зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Русија и Србија.