Најмалку петмина загинаа, а неколку други се ранети во експлозија на бомба, која била насочена кон сомалиските владини војници во регионот Долна Шабел, изјави официјален претставник.

Нападот се случил во селото Амбарејсо кое се наоѓа на периферијата на древниот сомалиски крајбрежен град Бараве, 206 километри (128 милји) југозападно од главниот град Могадишу.

Очевидци и безбедносни претставници телефонски ги потврдија за Anadolu Agency нападот и жртвите, под услов да останат анонимни поради безбедносни причини.

„Пет војници загинаа, а двајца се ранети во нападот, но еден се здоби со полесни повреди“, изјави официјален претставник

Терористичката група Ал Шабаб, поврзана со Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека во нападот биле убиени седум војници.


„Dubai-Portal“