Актерот Џеси Тајлер Фергусон, најпознат по улогата на Мичел во популарната американска серија „Modern Family“, и неговиот сопруг Џастин Микита оваа есен ќе станат родители по втор пат.

Актерот ја сподели радосната вест на својот Инстаграм профил, откривајќи им на своите следбеници дека нивниот едногодишен син Бекет ќе стане „поголем брат“ на сестра или брат кој ќе ги израдува оваа есен. „Многу страшни работи се случуваат во светот во моментов, па јас и Џастин сакавме да ја споделиме добрата вест со вас“, рече 46-годишниот актер во видеото на Инстаграм, инсинуирајќи го неодамнешното пукање во основно училиште во Тексас. 

Тој им се заблагодари на луѓето кои ќе му помогнат на Џастин и нему да го прошири своето семејство, но се заблагодари и на поддршката од фановите.

Да потсетиме, Џеси и Џастин се венчаа во 2013 година во Њујорк, а со помош на сурогат мајка станаа родители на Бекет во јули 2020 година.