„Dily Sabah“: Успешна посета на Мевлут Чавушоглу во Израел

0
147

Посетата на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, во Израел беше пресвртница во билатералните односи. Овие две земји реципрочно ги повлекоа своите амбасадори во 2010 година, откако израелските сили нападнаа луѓе во турската флотила, што носеа хуманитарна помош за Палестинците, во Газа. Во нападот беа убиени десет турски активисти, а од тогаш немаше амбасадори на ниту едната страна.

Во следните години имаше подеми и падови во односите, а посетата на Чавушоглу е дефинитивно од големо значење. Ова е првата официјална посета на турскиот министер за надворешни работи, на Израел, во последните 15 години.

Чавушоглу прво се сретна со палестинскиот претседател, Махмуд Абас, во Рамала, и министерот за надворешни работи, Ријад ал Малики. После средбата, тој ја посети џамијата Ал-Акса. Претходно, тој го посети израелскиот Меморијален музеј на холокаусттот, Јад Вашем, каде имаше средба со неговиот израелски колега, Јаир Лапид.

Оваа посета е дел од процесот на нормализација меѓу двете земји. Израелскиот претседател Исак Херцог, во неговата посета на Истанбул, во март, најави нова ера.

Сега, посетата на Чавушоглу е уште едно продолжение на овој процес на нормализација. Но, нормализацијата за владата на Ердоган значи и постојано нагласување на правата на палестинската страна.

За време на посетата Чавушоглу истакна дека палестинското прашање може да се реши само преку две држави кои ќе се формираат во рамките на Обединетите нации и дека за време на средбата била поделена чувствителноста на Турција, кон Ал-Кудс и џамијата Ал-Акса.

Еден од најважните резултати од посетата беше тоа што турскиот министер за надворешни работи и неговиот израелски колега Јаир Лапид, се договорија да ја обноват работата на заедничкиот економски комитет и да започнат разговори за договор за цивилно воздухопловство. Сепак, двајцата министри не најавија повторно именување на амбасадорите во Анкара и Тел Авив.

Но, генерално, посетата беше конструктивна, што се гледа и од изјавите на двајцата министри на заедничката прес-конференција.

„Треба да знаеме да затвориме едно поглавје и да започнеме ново поглавје во односите“,изјави Лапид.

Чавушоглу на тоа додаде дека „без разлика на разликите меѓу земјите, обновениот дијалог е корисен за целиот регион“.

За враќањето на амбасадорот ќе се разговара во наредните недели, но мислам дека тоа ќе дојде наскоро.

Анкара го нагласува одржувањето на дијалогот и добрите односи со соседите во новата ера.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Египет се примери на оваа нова ера. Турција и овие земји повторно се зближуваат. И верувам дека тоа е вистинската работа. Ни требаат пријатели и комуникација. Се разбира, Турција треба да го крене својот глас доколку нешто е против нејзините интереси, но треба да биде и конструктивна и отворена за дијалог.


DailySabah
„Dubai-Portal“