Британските здравствени власти денеска соопштија дека во Англија се откриени 36 нови случаи на мајмунски сипаници и прва инфекција во Шкотска.

Британската агенција за здравствена безбедност наведува дека вкупниот број на заразени во Англија од 7 мај се зголемил на 56, но таа нагласи дека ризикот за Британците е мал, иако постои загриженост.

Премиерот Борис Џонсон рече дека неговата влада внимателно ги следи околностите околу пренесувањето на вирусот. – Во суштина, тоа е многу ретка болест и последиците не изгледаат особено сериозни, но важно е да се следи што се случува – изјави Џонсон на новинарите. Здравствената служба истакна дека вирусот на мајмунска сипаница не се пренесува лесно меѓу луѓето. Повеќе од 100 сомнителни и потврдени случаи на оваа болест во Европа и Северна Америка не се сериозни, објави претходно Светската здравствена организација.

Експертите претходно предупредија дека вирусот е најзастапен меѓу ЛГБТ популацијата, поконкретно меѓу хомосексуалците и бисексуалците.

ZeroDot