Израел го блокираше влезот на делегацијата на Европскиот парламент во окупираните палестински територии за да се разгледа ситуацијата на терен после убиството на палестинската новинарка Ширин Абу Аклех.
Делегација на ЕУ беше принудена да го откаже патувањето на окупираните палестински територии во неделата, откако на Ману Пинеди, шпански пратеник во Европскиот парламент и претседател на парламентарната делегација за односи со Палестина, му било забранет влез во Израел. „Израел ја блокира работата на Европскиот парламент“, изјавил Пинеда во неделата, истакнувајќи дека на делегацијата, исто така, и бил забранет пристап до опколениот Појас Газа.
Израелското Министерство за надворешни работи тврди дека влезот на Пинеда не бил одобрен поради „информации добиени од надлежните органи во Израел“. Претседателката на Европскиот парламент Роберт Метсол, која во неделата пристигна во Израел во тридневна посета, на Твитер објави дека жали за одлуката и дека ќе го покрене прашањето пред израелските власти. Абу Аклех, ветеран на мрежата Ал Џезира со седиште во Катар, беше застрелана во главата на почетокот на овој месец кога известуваше за израелски напад врз Палестинците кои живеат во бегалскиот камп Џенин. Нејзината трагична смрт предизвика шок низ целиот свет, предизвикувајќи глобална осуда на израелскиот режим. Крис МекМанус, друг член на европската делегација, ја осуди израелската одлука како „директно мешање во работата на Европскиот парламент“. „Ова не смее да се толерира. Ова ќе бара сериозна дискусија [во наредните денови]. Треба да видиме силен дипломатски одговор од Европската унија“, рече МекМанус.
Во 2016 година, на работната група на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со Палестина и беше забранет влез во Газа. Израелските власти тогаш не дадоа никакво оправдување за одлуката.









