Премиерот на Италија, Марио Драги, оствари телефонски разговор со претседателот на Украина, Владимир Зеленски, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Кабинетот на италијанскиот премиер се наведува дека Гради и Зеленски разговарале за најновите случувања и судири во Украина.
„Драги повторно ја потврди полната поддршка на Италија за Украина во поглед на потребата за одобрување на шестиот пакет санкции (кон Русија), потребата за деблокада на пристаништето и полна поддршка на Италија за пристап на Украина во Европска Унија“, се наведува во соопштението.
Зеленски исто така на социјалната мрежа Твитер објави дека разговарал со Драги.
„Се дискутираше за соработката во областа на одбраната, забрзувањето на шестиот пакет санкции и отстранувањето на блокадите од украинските пристаништа. Изразивме благодарност до Италија за безусловната поддршка кон Украина на патот кон Европската Унија“, наведува Зеленски.









