Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информирал рускиот претседател Владимир Путин дека операцијата за целосно ослободување на „Азовстал“ и Мариупол од украинските екстремисти и војници е завршена.
„Подземните објекти на фабриката за челик каде што се криеле екстремистите се под целосна контрола на руските вооружени сили“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Како што се наведува, се предале вкупно 2.439 екстремисти и украински војници кои биле под блокада во „Азовстал“. Според наводите, последната група екстремисти на „Азов“ се предала, поточно 531 од нив.
ZeroDot / Сателит










