Кинеското МНР соопшти дека преку видео врска на 19.05.2022 (утре) ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на земјите од БРИКС.

„На маргините ќе се одржи и дијалог меѓу земјите од БРИКС и министрите за надворешни работи на други земји во развој“, изјавил пред медиумите портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин.

Колку за потсетување групата,БРИКС ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.