Европската унија може да ги замени руските фосилни горива со набавки од други земји, чисти извори на енергија и заштеда на енергија, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. „ЕУ ќе обезбеди речиси 300 милијарди евра за да и помогне на Европа да ја прекине енергетската зависност од Русија, од кои околу 72 милијарди евра грантови и 225 милијарди евра заеми“, изјавила таа.

Инвестициите ќе опфатат 10 милијарди евра за гасна инфраструктура, 2 милијарди евра за нафта и останатите за чиста енергија. – Комисијата предлага да ја зголеми својата цел за енергија од обновливи извори до 2030 година од 40 на 45 отсто – додава фон дер Лајен. Таа, исто така, предлага обезбедување до девет милијарди евра дополнителна помош за Украина оваа година. Фон дер Лајен, исто така, рече дека е време да се размислува за обнова на Украина кога војната ќе заврши, додавајќи дека ЕУ има „стратешки интерес да ги води овие напори за обнова“, но дека таа не треба да биде единствената страна што придонесува.

– Затоа предлагаме платформа за реконструкција како дел од овој план предводен од Украина и Комисијата и кој ги обединува земјите членки на ЕУ, други билатерални или меѓународни донатори, меѓународни финансиски институции и други кои сакаат да помогнат – вели таа.