Европската комисија во средата предложи дополнителни девет милијарди евра помош преку заеми од ЕУ за Украина оваа година за одржување на ликвидноста на земјата, … … и да се воспостави механизам за обнова на Украина по моделот на сопствен фонд за економско закрепнување.
Парите ќе ги позајми Европската комисија како дел од програмата за макрофинансиска помош која ќе ја одржи ликвидноста на Украина до крајот на годината додека таа се бори да ја одврати руската инвазија. Меѓународниот монетарен фонд проценува дека на Украина и се потребни околу пет милијарди долари месечно за основни операции, а ЕУ очекува САД и другите членки на Г7, Велика Британија, Јапонија и Канада, да го дадат својот финансиски придонес. Г7 ќе разговара за ова на состанокот во Бон во четврток и петок. – Европската унија ќе продолжи да дава краткорочна финансиска помош за Украина со цел да ги задоволи нејзините потреби и да ја одржи функционалноста на основните услуги – изјави шефицата на комисијата Урсула фон дер Лајен.
– Подготвени сме да преземеме водечка улога во меѓународните напори за обнова со цел да овозможиме развој на просперитетна и демократска Украина. Тоа значи дека инвестициите ќе одат рака под рака со реформите кои ќе ја поддржат Украина на нејзиниот европски пат – рече таа. ЕУ веќе обезбеди 4,1 милијарди евра финансиска помош за Украина откако Русија ја започна инвазијата на 24 февруари, вклучително и воена помош, пишува Ројтерс. (Vijesti.ba / ФЕНА)








