Кадиров: Ние не се бориме против Украина, ние се бориме против НАТО

by Administrator

– ДЕНЕС не се бориме против Украина, ние се бориме против НАТО. НАТО ги вооружува, Западот ги вооружува, нивните платеници се таму – изјави Рамзан Кадиров, пренесува РИА Новости.

До тој заклучок дојде при своето обраќање на едукативниот маратон „Нови хоризонти“, на друштвото „Знаење“. Кадиров претходно изјави дека специјалната операција во Украина се одвива според планот. Во својот препознатлив остар тон во јавноста, Кадиров изјави и дека германскиот канцелар Олаф Шолц „се однесува шизофренично“, а не пропуштил ниту коментар на сметката на американскиот претседател Џозеф Бајден. „Американскиот претседател Џозеф Бајден му диктира на Западот, иако тој ништо не разбира“, рекол Кадиров.

You may also like