Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во Абу Даби се состана со новиот претседател на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и емир на Абу Даби шеикот Мухамед бин Зајед Ал Нахјан.
По смртта на претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) шеикот Калифа бин Зајед Ал Нахјан кој почина во петокот, претседателот Ердоган разговараше телефонски со емирот на Абу Даби шеикот Мухамед бин Зајед Ал Нахјан на кого му го изрази своето сочувство.
Претседателот Ердоган, денеска отпатува за Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за да го изрази своето сочувство по повод смртта на шеикот Калифа бин Зајед Ал Нахјан.
Ердоган на меѓународниот аеродром во Абу Даби беше пречекан лично од страна на новиот претседател на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и емир на Абу Даби шеикот Мухамед бин Зајед Ал Нахјан.

Претседателот Ердоган на аеродромот се состана со Ал Нахјан на кого му го пренесе своето сочувство повод смртта на поранешниот претседател шеикот Калифа бин Зајед Ал Нахјан.
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган потоа одржа билатерална средба со новиот претседател на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и емир на Абу Даби шеикот Мухамед бин Зајед Ал Нахјан.









