Финскиот претседател Саули Ниинисто и финската премиерка Сана Марин денес објавија дека нивната земја официјално ја започнува процедурата за аплицирање за членство во НАТО.
Финската премиерка Сана Марин изјави дека се надева оти тамошниот парламент ќе ја потврди оваа одлука многу брзо, во следните неколку дена и верува дека поддршката од пратениците ќе биде голема. Во заедничкото обраќање со претседателот во Хелсинки, Марин истакна дека таа и Ниинисто биле во близок контакт со членките на НАТО, како и со самиот НАТО и дека се благодарни за досегашната поддршка. „Ни претстои уште парламентарна процедура во Финска, но верувам дека нашиот парламент решително и одговорност ќе расправа за оваа историска одлука“, заврши таа.










