Во саботата вечерта, околу 20 часот, непосредно пред почетокот на гласањето, ЕБУ издаде соопштение во кое сугерираа дека „зад сцената“ се случува драма .

ЕБУ ги анализираше гласовите на жирито по втората генерална проба на втората полуфинална вечер на Изборот за песна на Евровизија 2022 година, при што беа утврдени одредени неправилности во гласањето на шест земји, објави Европската радиодифузна унија, пишува wiwibloggs.com.

Како што е соопштено, со цел да се усогласат со Упатствата за гласање, ЕБУ работеше со партнерот за гласање за да пресмета резултат за замена за секоја земја околу која имаа сомнежи и за второто полуфинале и за големото финале.

 

Сè, велат тие, било пресметано врз основа на резултатите на други земји со слични гласачки рекорди. Во саботата вечерта, околу 20 часот, непосредно пред почетокот на гласањето, ЕБУ издаде соопштение во кое сугерираше дека „зад сцената“ се случува драма . Овој процес е потврден од Независниот мониторинг на гласање“, велат оттаму. Земјите кои беа исклучени од гласањето се Азербејџан, Грузија, Црна Гора, Полска, Романија и Сан Марино.