Заменик-шефот на Северноатлантската алијанса Мирчеа Џоана и честиташе на Украина за победата на Евровизија за време на собирот на министрите за надворешни работи на НАТО. „Сакам да и честитам на Украина за победата на Евровизија.

Видовме огромна јавна поддршка од Европа и Австралија за нивната храброст. Секако дека и песната е убава“, изјави Џоана. Поранешниот министер за надворешни работи на Романија претседава со министерскиот состанок на НАТО бидејќи генералниот секретар Јенс Столтенберг е позитивен.

 

Сепак, еден од најпознатите британски ТВ водители, Пирс Морган, по победата на Украина ја нарече Евровизијата „наместена фарса“. Пирс го критикуваше натпреварот, велејќи дека е „политички мотивиран“ и рече дека Украинците може да испратат кучиња трагачи да ја најдат бомбата за да ја пеат химната и тие повторно ќе победат, пренесе британски „Експрес“.