Во Турција денеска се одржа свеченото отворање на аеродромот Ризе-Артвин, јавува Anadolu Agency (AA). Аеродромот Ризе-Артвин, чија писта е широка 45 метри и долга 3.000 метри, целосно ќе ги задоволи потребите за авиосообраќај во тој регион. Аеродромот, чии темели беа поставени на 3 април 2017 година, има годишен капацитет од три милиони патници.

Можно е да е слика од 3 луѓе, авион и внатре

Изграден е со уникатна архитектура и напредни инженерски технологии, а вкупната затворена површина на аеродромот е 47.000 метри квадратни, од кои терминалната зграда и другите придружни објекти зафаќаат површина од 32.000 метри квадратни. На свеченото отворање присуствуваа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, голем број турски претставници и граѓани. Ердоган по тој повод рече дека ќе продолжи со реализација на големи инфраструктурни проекти во Турција, како што тоа го прават во последните две децении.

Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат и костум

– И покрај негрижата, па дури и предавството на оние кои мислат дека политиката е да се поддржат заколнатите непријатели на Турција, ние ќе продолжиме на нашиот пат да го подигнеме нашето знаме на уште повисоки нивоа – рече Ердоган во своето обраќање на церемонијата. Тој нагласи дека турските власти спроведоа голем број големи инфраструктурни проекти во областа во текот на изминатите две децении, од образование до здравство. – Врз основа на оваа инфраструктура сега останува на вас да го искористите потенцијалот на нашиот регион во сите области, од земјоделството, трговијата, образованието до туризмот – рече тој.

Можно е да е слика од 6 луѓе и луѓе што стојат

Ердоган истакна дека демократскиот и развојниот пат на Турција е одлична и успешна приказна за регионот. – Никогаш нема да им дадеме шанса на оние чие единствено ветување е да ја вратат Турција во поранешната состојба, да предизвикаат хаос, да ја уништат и да ја прилагодат на царскиот поредок – рече Ердоган и додаде: „Денес стоиме мирно пред вас, откако со нашите реформи во Турција овозможивме нова ера и со тоа ја променивме состојбата на нашата нација. На церемонијата присуствуваа и министерот за семејство и социјални услуги Дерја Јаник, министерот за животна средина, урбанистичко планирање и климатски промени Мурат Курум, министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за одбрана Хулуси Акар, министерот за Индустрија и технологија Мустафа Варанк, министерот за земјоделство и шумарство Вахит Киришчи, министерот за трговија Мехмет Муш и министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу.