Грузиска покраина распишува референдум за приклучување кон Русија

by Administrator

Властите во грузиската проруска сепаратистичка провинција Јужна Осетија во петокот објавија дека на 17 јули ќе одржат референдум за нејзино присоединување кон Русија.

„Претседателот Анатолиј Бибилов“ потпишаЛ указ за распишување референдум во Република Јужна Осетија, соопшти неговиот кабинет, наведувајќи ги историските аспирации „на жителите на малата кавкаска територија како причина за приклучување кон Русија, со која таа се граничи.

Јужна Осетија беше во центарот на руско-грузиската војна во 2008 година, по што Кремљ ја призна нејзината независност како и независноста на друга сепаратистичка грузиска провинција Абхазија и таму постави воени бази. Веста за распишувањето на референдумот доаѓа на 79. ден од руската инвазија на Украина. Сепаратистичките провинции Доњецк и Луганск, чија независност ја признава и Москва, изразија интерес за приклучување кон Русија.

You may also like