Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Западот најавил „тотална хибридна војна“ против Русија и дека е тешко да се предвиди колку долго ќе трае. Во говорот на 80-тиот ден по инвазијата на Русија во Украина, Лавров укажа на низата санкции наметнати од Западот кон Москва и се обиде да ја прикаже Русија како цел, а не како извршител на агресија.
– Колективниот Запад објави тотална хибридна војна и тешко е да се предвиди колку ќе трае сето ова, но јасно е дека последиците ќе ги почувствуваат сите без исклучок – рече тој во својот говор.
– Направивме се за да избегнеме директен конфликт – но сега кога предизвикот е отфрлен, секако дека го прифаќаме. Санкциите не ни се туѓи: тие речиси секогаш ги имало во една или друга форма – рече Лавров.
Напорите на Западот да ја изолира Русија се осудени на пропаст, рече Лавров, посочувајќи на важноста на односите на Русија со Кина, Индија, Алжир и земјите од Персискиот залив.










