Престолонаследникот на Абу Даби Мохамед бин Зајед Ал Нахјан денес беше избран за нов претседател на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), објави државната новинска агенција ВАМ. „Федералниот врховен совет го избра Мохамед бин Зајед за претседател на ОАЕ“, се вели во соопштението на ВАМ на Твитер.
Овој потег уследи откако братот на Мухамед, претседателот на ОАЕ, Калифа бин Зајед Ал Нахјан, почина во петокот на 73-годишна возраст.
Потпретседателот на ОАЕ, Мохамед бин Рашид ал Мактум, вети верност на новиот претседател. – Денеска Федералниот врховен совет го избра мојот брат, неговото височество шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан за претседател на државата – објави на Твитер бин Рашид, кој е и лидер на Дубаи. – Му честитаме, а ние и нашите граѓани му ветуваме лојалност – додаде тој









