Советникот на турскиот претседател Таип Ердоган вели дека неговата земја, која е членка на НАТО „не ја затвора вратата“ за приклучување на Финска и Шведска во организацијата.

Но, Ибрахим Калин, главниот советник за надворешна политика на претседателот, изјави дека тие го покренуваат ова прашање „како прашање на националната безбедност“ на Турција поради „многу терористички организации“ присутни во нордиските земји.

Во изјава за Ројтерс, Калин го издвои Стокхолм како особено проблематична област.

Ердоган: Шведска и Финска се дом на многу терористички организации