Во недела, на 15 мај, астероидот 388945 (2008 TZ3), поголем од њујоршката „Empire Stage Building“, кој е потенцијално опасен поради својата траекторија, ќе помине во непосредна близина на Земјата.

Астероидот широк околу 490 метри е означен како потенцијално опасен бидејќи патеката на неговото движење минува доста блиску до нашата планета. Ако удри во Земјата, ќе предизвика огромна штета.

За споредба, метеорот кој е одговорен за експлозијата во регионот Тунгуска во источен Сибир во 1908 година, веројатно бил широк само помеѓу 100 и 200 метри. Астероиди со дијаметар од околу 100 метри би можеле да предизвикаат експлозија и да бидат до десет пати посилни од ерупцијата на вулкан во Тонга на 14 јануари оваа година.

За среќа, 388945 (2008 TZ3) не треба да се приближува премногу, туку да остане на растојание од околу четири милиони километри. Се чини дека е многу, но Земјата и Месечината се оддалечени само 380 илјади километри.