Шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, на чело на високата политичка и економска делегација, во четвртокот пристигна во иранскиот главен град Техеран на покана на иранскиот претседател Ибрахим Раиси. Шеукот Тамим, бил пречекан од страна на Мохамед Мокбер, првиот потпретседател на Иран.
Посетата уследи по февруарското патување на иранскиот претседател во Доха, каде што се состана со високи катарски претставници и присуствуваше на шестиот самит на Форумот за земји извознички на гас (ГЕЦФ). Зајакнувањето на меѓусебните и регионалните односи ќе биде на дневен ред на средбите на високите претставници на Техеран и Доха. Билатералната и регионалната соработка, ослободувањето на иранските фондови во странство, соработката на Светското првенство во 2022 година, размената на затвореници и енергетската соработка се на агендата на посетата од висок профил. Техеран и Доха имаат добри врски, а двете земји делат огромно наоѓалиште на гас.
Техеран застана на страната на Доха откако Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници го бојкотираа Катар во средината на 2017 година. Емирот на Катар и иранскиот претседател ќе го следат и спроведувањето на 14 документи за соработка потпишани за време на посетата на Раиси на Доха. Посетата на Раиси на Катар беше прва на ирански претседател во последните 11 години. За време на патувањето, Техеран и Доха потпишаа 14 меморандуми за разбирање во областа на воздухопловството, трговијата, превозот, медиумите, укинувањето на визите, електричната енергија, стандардите, образованието и културата. Иран неодамна изрази подготвеност да му ја даде на Катар сета помош што му е потребна за подобро и повеличествено организирање на Светското првенство во 2022 година, кое треба да се одржи од 21 ноември до 18 декември годинава во Катар.










