Минатиот викенд трагичната вест од Дравоград ја потресе целата словенечка јавност. Иако му било забрането да се приближува, во домот на поранешната сопруга пристигнал 38-годишен маж и и нанел тешки повреди. Полицијата многу брзо пристигнала на местото на несреќата, се обидела да и го спаси животот, но за жал не успеала.

Таа вчера починала во болница. Набрзо било откриено дека станува збор за Роберт Певец кој забележал три настапи за младата словенечка репрезентација до 21 година. Кариерата ја започна во Дравоград, а во дресот на истиот клуб забележал 20 настапи во елитната класа на словенечкиот фудбал. Поголемиот дел од својата кариера го поминал носејќи го дресот на австриските пониски лиги како Блајбург и Руден, а копачките ги закачи на колче во летото 2019 година.

Тој и неговата поранешна сопруга имале две малолетни деца, пишува словенечкиот весник Вечер. Певц е во притвор од саботата, а во рок од 48 часа е изведен кај истражен судија поради сомнение за кривично дело убиство.