Џамијата Аја Софија-и Кебир во Истанбул вчера на првиот ден од Рамазан Бајрам ја посетиле 104.325 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на Истанбул, најнаселениот град во Турција, Али Јерликаја, рече дека Света Софија забележала најмногу посети од нејзиното повторно отворање во 2020 година.
„Бројот на посетители на нашата џамија, симболот на Истанбул, на првиот ден од Бајрам достигна 104.325“, рече Јерликаја.









