Италијански медиуми: Ибрахимовиќ ќе се пензионира и ќе го наследи бизнисот на Раиола

0
131

Златан Ибрахимовиќ има договор со Милан до крајот на оваа сезона, а засега не е јасно дали клубот ќе му понуди нов на 40-годишникот.

Последните шпекулации во италијанските медиуми велат дека Швеѓанецот би можел да се пензионира од активното играње фудбал ова лето и да стане агент. Тој е скршен од болка по смртта на Мино Рајола со кого соработуваше низ целата своја кариера.

Двајцата беа контроверзни личности со специфичен карактер, а медиумит на Апенините велат дека Ибрахимовиќ е подготвен да ја преземе менаџерската агенција на Рајола заедно со братучедот на Мино, Винченцо Раиола.

Клубовите ќе имаат сериозни проблеми со Ибрахимовиќ како агент на преговарачката маса, а големите фудбалски ѕвезди сигурно ќе го сакаат Швеѓанецот на своја страна.


„Sport1“