Лидерот на Хамас, во Појасот Газа, Јахја Синвар, предупреди дека палестинската организација нема да се двоуми да преземе каков било чекор доколку Израел се закани на џамијата Ал Акса.
Нашиот народ мора да се подготви за голема битка доколку окупаторот не ја прекине својата агресија врз џамијата Ал Акса, изјави Синвар, цитиран од израелските медиуми.
Покажувајќи ја фотографијата на која се прикажани израелски полицајци во таа џамија, Синвар се закани со насилство во синагогите ширум светот доколку се повтори полициската акција.
Во говорот кој траеше повеќе од еден час, Синвар ги пофали неодамнешните палестински напади во Израел и на Западниот Брег, во кои загинаа 15 лица, и ги охрабри Палестинците на територијата да продолжат со нападите, велејќи дека тоа е глобална промена во корист на палестинската цел.
Тој, исто така, ја повика Исламската партија на Раам да ја напушти израелската владејачка коалиција.
Сепак, голем дел од говорот беше посветен на заканите за Израел.
„Загрозувањето на Ал Акса и Ерусалим значи регионална верска војна“, рече Синвар.
„Aj“
„Dubai-Portal“










