Во земјите ширум светот, последниот петок од месецот Рамазан се одбележува Денот на Кудс, ден кога се изразува солидарност и поддршка за палестинскиот народ. Вчера, последниот петок во месецот Рамазан, во многу земји во светот беше одбележан Денот на Кудс, со собири на кои беше изразена поддршка за Палестина и нејзината борба за ослободување од окупацијата.
Денот на Кудс беше прогласен од покојниот имам Хомеини, основачот на Исламската Република Иран, во годините кога ја водеше исламската револуција во Иран. Освен во земји како Иран, Ирак, Либан, Јемен, Бахреин, митинзи за поддршка на Палестина се одржаа и во европските земји, како Британија и Италија.
Во Британија, палестинските приврзаници протестираа во Лондон. Меѓу нив имаше и антиционистички Евреи кои го осудија израелскиот апартхејд. Во Италија се одржаа собири во Милано и Рим, а учесниците носеа транспаренти за поддршка на Палестина. Во Пакистан се одржаа митинзи во Лахоре и Исламабад, како и во Кашмир под индиска управа. Во африканските земји како Нигерија и Судан, исто така се одржаа големи собири на Денот на Кудс.











