Турција нема да учествува во вежбата на НАТО во Грција

0
129

АНКАРА (АА) – Турција одлучи да не учествува на вежбата на НАТО „Tiger Meet“ во Грција следниот месец поради провокации, соопштија денес безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).

Изворите истакнаа дека Турција ја известила земјата домаќин на вежбата за својата одлука донесена на 22 април.

Се дознава дека Атина ги искористила своите несогласувања со Анкара и направила промени во техничките регулативи на вежбата, што биле во спротивност со меѓународното право. Откако барањата на Турција не се прифатени, таа се повлекува од учество.

„Tiger Meet“ е иницијатива на НАТО што има за цел да ја промовира солидарноста меѓу сојузничките воздухопловни сили и се одржува секоја година во различни земји. Оваа година вежбата е закажана за 9-22 мај.


Anadolu Agency