Јорданецот Јасин ес-Шукур веќе 33 години живее во иста куќа со змии, кои станаа неизоставен дел од неговиот живот.
Шукур (55) кој живее на северот на Јордан, врз основа на искуството што го стекнал од својот татко, во куќата одгледува голем број змии. За овие миленичиња користи и зборови полни со љубов и внимание.
Шукур, кога се во прашање змиите, поседува вештини со кои не можат да се пофалат многу луѓе. Секој вид може да го држи в раце, но и без потешкотии да го фати, без оглед дали е отровен или не. Многумина го сметаат за експерт за змии, а за своето искуство и љубовта кон овие животни говореше за Агенција Анадолија (АА).

Раскажа дека живее со змии од 1989 година, а љубовта кон нив ја пренел и на својата 14-годишна ќерка Мелек.
– Се претставува како „љубител на змии“ –
Шукур често се претставува како „љубител на змии“.
„Бидејќи имам различни искуства во справувањето со змии, каснувањето од змија може да се лечи и со противотров“, рече Шукур, кој додаде дека на секоја змија може да ѝ пријде лесно.
Истакна дека од палестинскиот експерт Џамал Амваси научил како да разликува отровница од неотровница.
„Во Јордан има 37 видови змии. Од нив, седум видови имаат смртоносен отров, останатите не се отровни. Тие можат да бидат корисни за околината и луѓето“, нагласи Шукур.
Додаде дека палестинската лутица е еден од најопасните видови отровници и дека како резултат на каснување може да дојде до згрутчување на крвта. Појасни дека Echis Coloratus е ендемичен вид карактеристичен за Блискиот Исток, а од негово каснување доведува до разредување на крвта. Според него, каснувањето од овие змии може да биде смртоносно.
Тој говореше и за видот наречен Atractaspis чиј отров може да усмрти во рок од една до 18 минути. Истакна дека овој вид змии не се движи преку ден, туку во текот на ноќта и дека може да се преправаат дека се мртви кога ќе забележат човек.

Шукур рече дека овој вид ретко се гледа во Јордан.
– Основал група за заштита на змиите –
Пред четири години Јасин ес-Шукур основал група за заштита на дивиот свет, но и за спречување на неоправданото убивање на змии.
Шукур истакна дека и покрај тешкотиите со кои се соочиле на почетокот, успеале да ја подигнат свеста кај луѓето и дека идејата за убивање на змиите била претворена во идеја за нивна заштита, незагрозување и ставање под контрола.
„Имаме тим од експерти од сите арапски земји и помагаме едни со други кога станува збор за каснување од змија. Постојат други методи за справување со змии. Се надеваме дека заинтересираните ќе се фокусираат на оваа проблематика за отровите што ги имаме да ги претвориме во серум, наместо да земаме противотров однадвор“, рече Шукур.
Додаде дека минатата година биле регистрирани 196 случаи на каснување од змија, а пет од нив завршиле со смртен исход.
Тој смета дека змиите не треба да се убиваат без оглед дали се отровни или не, бидејќи со тоа се нарушува еколошката рамнотежа.
Anadolu Agency









