Украинците ги обвинија Русите дека украле стотици илјади тони жито

0
86

Руските сили украле „стотици илјади тони“ жито во областите на Украина што ги окупираат, изјави во саботата заменик-министерот за земјоделство на Украина, пренесува Ројтерс.

 

 

Говорејќи за украинската национална телевизија, Тарас Висоцки изрази загриженост дека повеќето од, како што рече, 1,5 милиони тони жито складирано на окупирана територија, исто така може да бидат украдени од руските сили.

 

 

Украинското Министерство за надворешни работи во четвртокот ја обвини Русија за кражба на жито на територијата што ја окупираше, акт за кој рекоа дека ја зголемува заканата за глобалната безбедност на храната.


„Reuters“
„Dubai-Portal“