Јавниот градски паркинг во Струга за Рамазан Бајрам ќе биде бесплатен, соопшти јавното претпријатие „Eko Struga“.
Почитувани сограѓани/ки, припадници на Исламската вероисповед, Ј.П. Еко Струга – Струга Ви го честита големиот празник Рамазан Бајрам. Ве известуваме дека по повод празникот паркинзите нема да се наплаќаат во недела и понеделник – 01.05 и 02.05.2022. Ви посакуваме пред сè добро здравје, спокојство и благосостојба во домот и семејството. Имајте среќни празнични денови, стои во соопштението на „Eko Struga“.











