Saturday, April 18, 2026
Home Руско-украинска војна / Видео / Руска телевизија прикажа за колку секунди нуклеарка може да...

/ Видео / Руска телевизија прикажа за колку секунди нуклеарка може да стигне до Лондон и Берлин

0
133

На руската програма Русија 1, водителката на емисијата 60 минути Олга Скабеева и гостинот Алексеј Журављов, пратеник во рускта Дума, зборуваа за тоа колку секунди интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“ и е потребно време за да стигне до главните градови на Велика Британија, Германија и Франција, земји кои снабдување со оружје за Украина.

Во разговорот меѓу водителката и гостинот меѓудругото стана збор и за тоа колку секунди руска „нуклеарка“ може да ги погоди градовите на државите кои Украина ја снабдуваат со оружје.

„Еден сарматинец и толку британските острови не постојат. Сериозен сум“ нема да постојат, рече Журавлев, пренесува порталот Правда.

„Сармат“ е нова тешка интерконтинентална балистичка ракета и се очекува во периодот што следи руската армија да ја опреми секоја со десет или повеќе нуклеарни боеви глави. Русија неодамна успешно ја тестираше ракета што го носи озлогласениот прекар Сатана 2 или Сатановиот син како што се опишува во круговите на НАТО.

Пратеникот од руската Дума, Евгениј Попов од партијата Единствена Русија во предупреди дека и Британија има нуклеарно оружје, а во случај Русија да ја искористи ракетата „Сармат“, „никој нема да преживее, никој нема да остане на планетата“.


„Sloboden pecat“