Данска стана првата земја што ја прекина својата програма за вакцинација против коронавирус, велејќи дека тоа го прави бидејќи вирусот сега е под контрола.

„Пролетта пристигна, опфатот со вакцини кај данското население е висок, а епидемијата се промени“, се вели во соопштението на данската здравствена управа во средата. „Затоа, Националниот одбор за здравство сега ги завршува опсежните напори за вакцинација против Ковид 19 за оваа сезона“, се вели во соопштението.

Луѓето нема да бидат поканети на вакцинација од 15 мај, се наведува, иако секој ќе може да ја заврши својата процедура за вакцинација. Кампањата за вакцинација во Данска против Ковид започна непосредно по Божиќ 2020 година.

Околу 4,8 милиони граѓани биле вакцинирани, соопштија здравствените власти, а повеќе од 3,6 милиони луѓе добиле засилена доза, пренесува CNBC. Во исто време, многу луѓе се заразени откако омикронската варијанта стана доминантен вид на вирусот, наведувајќи дека тоа значи дека нивото на имунитет кај населението е високо.

„Ние сме на добро место“, коментира Болет Соборг, менаџер на единицата во Националниот одбор за здравство. „Имаме добра контрола врз епидемијата, која се чини дека се намалува. Стапките на прием (во болниците) се стабилни и очекуваме и тие наскоро да паднат. Затоа, ја заокружуваме програмата за масовна вакцинација против Ковид 19.