Турската агенција за развој и соработка (ТИКА), во соработка со Исламската заедница на Црна Гора, подели рамазански пакети со основни прехранбени производи на илјадници семејства низ Црна Гора. Како што соопштија од ТИКА, рамазански пакети се поделени во општините Гусиње, Подгорица, Тузи, Улцињ, Пљевља, Рожаје и Бијело Поље, јавува АА.











