Под покровителство на албанскиот премиер Еди Рама и неговата сопруга Линда Рама, во вторникот во Тирана се одржа заеднички ифтар, на кој присуствуваа бројни високи личности од различни сфери на општественото живеење. Ифтар, организиран во Конгресната палата во Тирана, присуствуваа министри, пратеници во албанскиот парламент, амбасадори, како и претставници на различни институции и граѓански организации.

По тој повод, Рама го изрази своето задоволство што по две години повторно може да организира заеднички ифтар и да биде домаќин на бројни гости, јавува АА. – Ми недостигаше  овој собир, бидејќи ифтаротсо години ми остава посебен вкус на хуманост, негува добредојдено чувство за мир, рече Рама и додаде: „Суштината на оваа трпеза несомнено е исламот, но од друга страна исламот не е само религија силно прифатена од муслиманските верници, но и безусловен подарок за целото човештво, подарок што е грев да се отфрли“.