Палестинец почина, откако беше застрелан во главата од израелските сили, во бегалски камп во близина на Ерихон, град на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Ахмед Ибрахим Овеидат (20) „подлегна на критичните рани здобиени со живи куршуми во главата, денеска во зори во кампот Акабат Џабер“, соопшти Министерството. Портпаролот на израелската армија изјави за АФП дека инцидентот е под истрага.
„Palestinian health ministry “
„Dubai-Portal“











