Украина: Руската армија загуби 22.100 војници

0
105

КИЕВ (АА) – Генералштабот на Украинската армија соопшти дека од почетокот на војната во Украина загинале 22.100 руски војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Генералштабот се наведува дека украинските сили од 24 февруари до 26 април уништиле 184 авиони, 154 хеликоптери и 918 тенка.

Исто така, уништени се 2.308 оклопни возила, 416 топови, 149 ракетни системи и 69 системи за противвоздушна одбрана.

Освен тоа, руските сили загубиле и 1.643 возила, 8 брода и лесни глисери, 76 возила за гориво и 205 беспилотни летала.

Во соопштението на руското Министерство за одбрана на 25 март беше истакнато дека во Украина загинале 1.351 руски војник.


Anadolu Agency