Владимир Кличко размислува да се врати во боксерскиот ринг

0
108

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Украинецот Владимир Кличко, размислува да се врати во боксерскиот ринг, пренесува „Hina“.

Два дена по најавата на светскиот шампион, Британецот Тајсон Фјури, да стави крај на спортската кариера, 46-годишниот Кличко во интервју за германски „Bild“ најави дека ќе се обиде да се врати.

„Зошто да не, ако сум во добра форма? Можеби дури и ќе сонувам да го соборам рекордот на Џорџ Форман. Дефинитивно многу ме мотивира кога станувам секое утро и спортувам“, изјави Украинецот.

Кличко пред неколку години изјави дека за него би било предизвик да го собори рекордот на Форман и да стане најстариот боксер во историјата кој се борел за светската титула, но нагласи дека не планира да го стори тоа.


„Aj“
„Dubai-Portal“