АЛ-КУДС (АА) – Израелската војска соопшти дека нејзините артилериски единици погодиле цели во Либан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Артилериските единици во моментот бомбардираат цели во Либан. На тоа подрачје беше отворен оган како одговор на лансираните ракети кон израелска територија“, се вели во соопштението на израелската армија.
Во соопштението не се наведени детали за тоа кон што гаѓале артилериските единици. Либанската армија не излезе со соопштение во врска со случајот.
Израелската армија претходно соопшти дека било забележано дека од либанска територија била лансирана ракета кон северот на земјата и дека паднала во ненаселена област.
Весникот „Ал Ахбар“, познат по својата блискост со либанскиот Хезболах, јави дека ракетата била лансирана од градот Сур.
„Anadolu Agency“