ПАРИЗ (АА) – Во Франција се одржаа демонстрации во главниот град Париз, во Рен и Нант откако Емануел Макрон беше реизбран за претседател според неофицијалните резултати, јавува Агенција Анадолија (АА).
Стотици луѓе кои себеси се нарекуваат „антифашисти“ се собраа на плоштадот „Република“ во Париз.
Демонстрантите извикуваа слогани против Макрон. А полицијата интервенираше со солзавец.
Во Рен, и покрај забраната за демонстрации донесена од Гувернерството, околу 250 демонстранти се собраа во центарот на градот, запалија голем број на канти за ѓубре и ја оштетија животната средина.
Полицијата употреби солзавец против нив.
Демонстрантите собрани во центарот на Нант извикуваа слогани против Макрон и носеа транспаренти. Полицијата исто така употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.
Полицијата за време на демонстрациите презеде силни безбедносни мерки.
„Anadolu Agency“








