Туркије го затвори својот воздушен простор за руските цивилни и воени авиони кои летаат за Сирија, изјави министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, објавија локалните медиуми.
Оваа изјава претставува еден од најсилните одговори досега од Туркије, која негува блиски врски со Москва и покрај тоа што е членка на НАТО одбранбената алијанса, на двомесечниот воен напад на Русија, врз Украина.
„Го затворивме воздушниот простор за руските воени авиони – па дури и за цивилните – кои летаат за Сирија. Имаа време до април, а ние тоа го побаравме во март“, го цитираат турските медиуми изјавата на Чавушоглу пред новинарите во авионот на пат за Уругвај.
Тој рече дека дозволата била дадена за период од три месеци до април, а потоа прекинале летовите.
Чавушоглу додаде дека забраната ќе остане во сила три месеци.
„AFP/Reuters“
„Dubai-Portal“











